X
 19.09.2022 Култура

Дали му доаѓа крајот на гледањето цели сезони одеднаш?

Пред повеќе од една деценија „Нетфликс“ воведе голема промена на пазарот на телевизиска содржина. Гледачите повеќе не мораа да чекаат цела седмица за да ја гледаат новата епизода на омилената серија бидејќи на оваа платформа беше овозможено да се гледа цела сезона одеднаш.

Меѓутоа, неодамнешните неуспеси што ги бележи платформата ја принудија да размислува за промена на својот пристап, па има шпекулации дека гледањето на сите епизоди одеднаш оди во историјата. „Нетфликс“ е единствената платформа што ја нуди оваа опција.

Од друга страна, за „Куќата на змејот“, која се дава на Ејч-би-о, се зборува и пишува повеќе од два месеца, во текот на кои ќе бидат прикажани сите епизоди.


Фото: Pixabay

Затоа, експертите велат дека „Нетфликс“ е подготвен да ја тестира оваа можност. За ова е доказ четвртата сезона на серијата „Почудни нешта“ која, за разлика од претходните сезони, беше објавена во два дела. Тоа влијаело врз резултатите на компанијата бидејќи биле забележани помали загуби од очекуваното.

Истовремено, „Нетфликс“ тестира неделен распоред на прикажување кај некои серии од неанглиско говорно подрачје. Планот е до крајот на годината третата сезона на документарната серија „Нерешени мистерии“ да се прикажува во период од три недели.

Најновите податоци покажуваат дека платформите на „Дизни“ имаат вкупно 221 милион претплатници, додека „Нетфликс“ има 220 милиони. Во првиот квартал од 2022 година „Нетфликс“ изгуби дури 200.000 претплатници на глобално ниво, а забележала и пад на акциите од дури 25 отсто, што е најголем пад во последните 10 години. Од април до јули изгуби уште еден милион претплатници.

Извор: 021
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура