X
 04.10.2024 Образование

Објавени конкурсите за стипендирање ученици во МИГ и Спортската академија

Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување стипендии на редовни ученици запишани во ДСУ Математичко-информатичка гимназија и во ДСУ Спортска академија за учебната 2024/2025 година.

На конкурсите може да аплицираат средношколци од II, III и IV година од двете училишта, а износот на стипендијата е 3.500 денари месечно, за 9 месеци во текот на учебната година.

Учениците може да аплицираат најдоцна до 21 октомври, а списоците со учениците што ќе се стекнат со право на стипендија ќе бидат објавени до 20 ноември на страницата на МОН и во училиштата.

Конкурсот за МИГ може да го видите ТУКА, а конкурсот за Спортската академија ТУКА.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование