X
 04.11.2018 Живот

Меланија Трамп за шест часа во египетски хотел потрошила 95 илјади долари

Американската прва дама, Меланија Трамп, во октомври беше на турнеја низ Африка. Во таа прилика, таа мина шест часа во еден хотел во Каиро, Египет. Сметката од хотелот изнесувала 95.050 долари.

Според податоците за трошоците, Меланија и нејзината придружба денот го поминале во хотелот „Семирамис Интерконтинентал Каиро“, кој е сместен на реката Нил. Всушност тие таму не минале ни еден ден. Портпаролката на американската прва дама рекла дека Меланија во Каиро била само шест часа.

На страницата на хотелот може да се види дека тие нудат соби по цена од 119 до 699 долари.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот