Владите и централните банки ветиле дека ќе издвојат 19,5 билиони долари (19.500.000.000.000 долари) од започнувањето на пандемијата за да ја зачуваат економијата, вели Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
На некои земји им е потребна уште поголема помош за да се извлечат од кризата, но можеби нема да ја добијат. Владите најавиле стимулативни мерки во вредност од речиси 12 билиони долари до септември, а централните банки издвоиле најмалку 7.5 билиони долари за да го намалат влијанието на
пандемијата врз нивните економии, се вели во извештајот на ММФ.
Сепак, глобалната економија се наоѓа во најлошата рецесија од Големата депресија и покрај мерките со кои се намалиле даноците, се исплаќале плати, се одобрувале заеми и се намалувале каматните стапки. Економската активност и вработувањето остануваат многу под нивоата пред пандемијата.
Фото: Pixabay
Вакцините за коронавирусот укажуваат на подобри изгледи за глобалната економија следната година, но тие нема да им помогнат на земјите во блиска иднина, а дополнителните пречки може да доведат до уште поголеми падови на економиите.
Извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева, вели дека на земјите им претстои долго искачување што ќе биде тешко и полно со пречки.
Се претпоставува дека во САД се изгубени околу 10 милиони работни места поради пандемијата, додека земјите-членки на ЕУ се обидуваат да одобрат фонд за финансиска помош вреден 800 милијарди евра.
Според економистот Нил Ширинг од „Капитал економикс“, предвременото повлекување на фискалната поддршка претставува најголем ризик за економиите на краток рок.
Автор: Хана Зијади
Извор:
cnn.com