X
 29.12.2023 Економија

Милијардери што најмногу го зголемија богатството годинава - еден е побогат за над 100 милијарди долари

Многу милијардери го зголемија богатството годинава. Поточно, повеќе од половина од вкупно 2.568 милијардери во светот денес се побогати отколку на 1 јануари. Некои од нив заработиле милијарди, а еден дури над 100 милијарди долари годинава.

„Форбс“ направи листа со 10 милијардери што најмногу го зголемија своето богатство годинава, според податоци до 15 декември. Овие десет лица денес се побогати за вкупно 490 милијарди долари, во споредба со почетокот на годината. Само двајца не се од САД - индонезискиот тајкун од секторот на енергетика и петрохемија Праџого Пангесту и шпанскиот сопственик на „Зара“, Амансио Ортега.

Седум од нив се од областа на технологијата, а најголем добитник годинава е Илон Маск. И покрај проблемите со социјалната мрежа „Х“, поранешен „Твитер“, Маск успеа да се збогати повеќе од која било друга личност на планетата, а најмногу благодарение на неговите други компании. Богатството на Маск се проценува на 254,9 милијарди долари, поголемо за 108,4 милијарди долари во споредба со почетокот на годината.

Во продолжение се милијардерите со најголеми добивки во 2023 година.

1. Илон Маск - нето-вредност од 254,9 милијарди долари (+108,4 милијарди долари во 2023)
2. Марк Закерберг - нето-вредност од 118,6 милијарди долари (+74,8 милијарди долари во 2023)
3. Џеф Безос - нето-вредност од 172,3 милијарди долари (+65 милијарди долари во 2023)
4. Праџого Пангесту - нето-вредност од 52,8 милијарди долари (+47,9 милијарди долари во 2023)
5. Лери Пејџ - нето-вредност од 111,7 милијарди долари (+34,4 милијарди долари во 2023)
6. Амансио Ортега - нето-вредност од 97,4 милијарди долари (+33,2 милијарди долари во 2023)
7. Сергеј Брин - нето-вредност од 107,3 милијарди долари (+33 милијарди долари во 2023)
8. Стив Балмер - нето-вредност од 110,9 милијарди долари (+32,4 милијарди долари во 2023)
9. Лери Елисон - нето-вредност од 133,2 милијарди долари (+30,8 милијарди долари во 2023)
10. Џенсен Хуанг - нето-вредност од 43,6 милијарди долари (+29,8 милијарди долари во 2023)

Извор: Forbes
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија