X
 16.05.2019 Живот

„Амазон“ им плаќа на вработените по 10.000 долари за да си заминат

„Амазон“ ќе им плати по 10.000 долари на своите вработени за да ја напуштат компанијата и да основаат сопствен старт ап за достава на пакети. Новиот „мотивациски“ формат на гигантот е дел од кампањата наречена „Платен отказ“, со што компанијата сака да им овозможи заминување од компанијата доколку се незадоволни од работните услови, а притоа немаат други опции.

- Сакаме да ги задржиме оние вработени што навистина уживаат да работат кај нас. Не сакаме никого да присилуваме да работи за нас - истакна портпаролот на „Амазон“.

Освен наведениот поттик од 10.000 долари, компанијата се обврза на лицата што ќе се впуштат во сопствена претприемачка приказна дополнително да им исплати и противвредност од последните три месеци бруто-плата што ја оствариле во текот на нивното работење во компанијата.

- По започнувањето на програмата за партнерски служби за достава во јуни минатата година, ние го овозможивме создавањето на повеќе од 200 мали претпријатија, кои вработија илјадници локални доставувачи. Оваа година планираме да додадеме сто нови стартапи кои ќе бидат раководени од страна на наши поранешни работници - порачуваат од компанијата.

Со овој потег гигантот сака да ја зајакне мрежата за достава и да го намали влијанието на конкурентите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот