X
 02.04.2018 Технологија

Стресни времиња


Бојан Кордалов

Не така одамна живеевме во свет со малку технологија. Барем од денешен аспект така изгледа. Пред само 20 години дострел во телефонијата сѐ уште беше безжичниот телефон, кај телевизорите дострел беше да имаме што е можно поголем екран, а „Гугл“ ги бележеше своите скромни почетоци.

Денес сликата е целосно различна. Сите сме наведнати и гледаме во мобилните телефони, да не ни избега некоја информација или порака. Ако макар накратко ја кренеме главата и уживаме во природата или во муабетот со личноста до нас, се чувствуваме како нешто да ни фали или да пропуштаме.

А, всушност, немирот се создава бидејќи не сме поврзани на интернет. Како којзнае што да се променило за 15 минути...


Но, ако се вратиме назад пред тие 20 години, со душа чекавме да дојде денот кога ќе можеме да си дозволиме да купиме мобилен телефон. И тоа обичен мобилен телефон, оној за повици, пораки, а подоцна и со понекоја игра како „змија“. Не како денешните кои заменуваат и фиксен и мобилен телефон, и факс и телефакс, па дури и цел компјутер или таблет. Кога ќе ми текне колку се нервирав бидејќи во подземниот паркинг на ГТЦ немаше мрежа. Чудо големо ако издржевме една минута без мрежа, ама тоа е, времиња.

Но, дојде тој ден што толку го посакувавме...

Доколку се присетиме, пред само 15 години едвај чекавме да се ослободиме од бавниот АДСЛ-интернет и да можеме со „брзина на светлината“ да сурфаме колку сакаме и, уште поважно, тоа да чини многу поевтино.

Брзо дојде и тој ден...

Деновите дојдоа, ама личниот мир и блискоста како да ги изгубивме. Денес, споредено со неколку децении претходно, во комуникацијата имаме сè што ќе посакаме. Буквално цел свет ни е на дланка, нема информација што нема да ја добиеме и најдеме, па дури и премногу контрадикторни информации на секоја тема. Кој и да ни треба, за неколку секунди можеме да го побараме и добиеме, макар бил и на крајот од светот.

Во денешницава сè почесто како да посакуваме да не постоеја мобилните телефони или барем да не може шефот или директорката да нѐ добие по работното време. Електронската пошта би сакале никогаш да не побаравме да ни ја поврзат на мобилниот телефон, а на „Фејсбук“ и на другите социјални медиуми по неколку пати помислуваме пред да ги додадеме или прифатиме колегите од работа за наши пријатели.




Дури и кога ќе дојдеме дома по напорниот ден и ќе решиме да го фрлиме настрана мобилниот сосе целиот интернет во него, за неколку минути сфаќаме дека нашите онлајн-обврски продолжуваат.

Со кого четувало или се допишувало преку „Месинџер“ нашето дете? Што прави на социјалните медиуми, за што се допишуваат во групите на „Вибер“ или „ВатсАп“? Ако, пак, се на помала возраст, отвораме четири очи да не отидат на страници несоодветни за нивната возраст, да не случајно погледнат некое видео со скриено насилство или доколку сурфаат преку нашиот телефон, да не се случи да преземат некоја игра плаќајќи со кредитната картичка.

Голема е одговорноста на родителите денес. Ги имаат истите обврски како нивните родители порано, но и многу повеќе. Денес родителот мора да внимава на своето дете и во реалниот и во виртуелниот свет. Тоа знае да биде тешко, па дури и неиздржливо.



Затоа, во рамките на компонентата за општествена одговорност на компанијата „Кабтел“ се одлучивме да се вклучиме и да им помогнеме на сите родители. Да ја отвориме оваа тема, да разговараме за ова што е можно повеќе, да слушнеме што има да каже секој родител, но и да ги понудиме нашите предлози и решенија за да се олесни овој процес.

Да ја истакнеме и да ја пофалиме најважната улога – улогата на родителот во воспитувањето и заштитата на децата додека се онлајн. Но, и да посочиме дека софтверите за заштита на децата и родителска контрола се одличен партнер и асистент во овој процес.

Затоа што Safe Kids е мултиплатформа која им помага на родителите да создадат и пронајдат нови безбедни начини преку кои нивните деца може да го истражуваат дигиталниот свет.

Таа им помага на родителите да ги мониторираат информациите, им дава потврда за локација на кое се наоѓа детето, управување со времето поминато на уредот, како и севкупна заштита од онлајн ризиците кои демнат врз најмалите. Safe Kids (http://www.kabtel.mk/mk/kaspersky_products.html#kas_safe_kids) помага да се насочат децата, така што тие ќе имаат пристап само до одредени типови на веб-страници, содржини и апликации кои се соодветни за нивната возраст. Целта е да се заштитат децата од пристапување кон интернет содржини кои се неадекватни за нивната возраст и кои можат да го нарушат нивниот развој, но и да ги вознемират или направат агресивни.


Тоа е партнерски однос. Вие како родители сте и понатаму главните и одговорните, но имате пријател на кој можете да се потпрете и барем во дел од времето да здивнете. Имате замена која го чува детето, а доколку нешто невообичаено или сомнително се случи додека детето е онлајн, ќе ви стигне нотификација и ќе ве праша како сакате да постапи.

Тоа е вистинско партнерство со кое може да се постигне целта и да се успее многу повеќе со цел безбедно сурфање и безгрижно детство!
Подготвил: Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и социјални медиуми

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија