Летово, „Apple“ ќе одржи дополнителна активност во рамки на својата програма „Apple camp“ - курс за програмирање за деца на возраст од 8 до 12.
Компанијата веќе има интерактивни приказни и часови на „iMovie“, но отсега децата ќе имаат можност да се запишан на курсеви по програмирање роботи и игри за програмирање.
На првиот час ќе се користи софтвер за учење на основите за програмирање со помош на квадрати кои може да анимираат ликови и да придвижуваат роботи.
Кампот за програмирање на „Apple“ е уште една иницијатива на компанијата поттикната од мисијата да се учат помладите генерации да програмираат. Оваа година, за време на Глобалната конференција на програмери, „Apple“ ја претстави апликацијата „Swift playgrounds“, базирана на игра со програмерски предизвици специјално наменети за деца.
Курсевите за програмирање ќе започнат во последната недела од јули и ќе бидат бесплатни. Прочитајте повеќе за нив
ОВДЕ.