X
 29.09.2016 Образование

Училницата денес и пред 150 години е иста

Ричард Вилијамс, повеќе познат како Prince Ea е рапер и активист, кој храбро си го искажува своето мислење за општествените и глобалните проблеми. Роден е во Сент Луис, Мисури и таму живее и денес. Називот “Prince Ea“ е изведен од сумерската култура што во превод значи “Принц на Земјата“.

Неговото најново видео, “I JUST SUED THE SCHOOL SYSTEM !!!“, кое беше поставено пред два дена, за модерниот училишен систем, достигна милионска гледаност.

“Еднаш Алберт Ајнштајн рекол: Секој е гениј. Но ако и судиш на рибата по способноста да се искаче на дрво ќе поминете цел живот верувајќи дека тоа е глупаво. Дами и господа на поротата денес на судење го имаме модерното училиште, драго ми е што дојдовте. Кажи ми училиште дали се гордееш со она што го правиш, претворајќи милиони луѓе во роботи, дали мислиш дека тоа е забавно?“


Prince Ea


“Може ли да разбереш колку многу деца се исто како оваа риба, пливајќи на час и никогаш не откривајќи ги нивните дарови, поради глупавите верувања што ги имаат дека се бескорисни? Дојде времето да нема повеќе злоупотреба и барам од училиштето да стане, за да го обвинам за убивање на креативноста, индивидуалноста и за злоупотреба на интелектуалноста“.

Како докази за бранење на своите верувања “Prince Ea“ ги наведе развојот на телефонот, автомобилот, но она што е запрепастувачки е дека училницата денес и пред 150 години е иста, што значи повеќе од еден век ништо не се сменило.

“Ни требаат денес луѓе кои ќе бидат креативни, иновативни, критични, независни, со способност да ги поврзат нештата. Секој учител стои пред 20 деца, а секое дете има различни силни страни, потреби, дарови, соништа, и ги учите на исти нешта на истиот начин?“

Тој образложува дека учителите треба да бидат платени исто како и докторите, бидејќи како што вели: “докторите може да прават тешки операции и да го спасат животот на детето, но добар учител може да досегне до срцето на тоа дете и да му дозволи вистински да живее. Но тие работат во систем без да имаат право да сменат, според наставни програми кои се креирани од кретаорите на политики“.

Ако може да се приспособиме кон нов систем за здравствена нега, автомобили и страни на “Facebook“, истото можеме да го сториме и за образованието, да го надоградиме, смениме, да му дадеме вистински дух на училиште.

Погледнете го целосното видео:


Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование