X
 04.12.2020 Забава

Загатка од ЦИА: Дали знаете кој дел од денот е на фотографијата?

Твитер-објавата на ЦИА привлече големо внимание, особено затоа што бара чувство за аналитика и око за ситни детали.

Имено, на официјалниот твитер-профил на оваа американска агенција беше поставена фотографија од една населба во зима, а задачата е врз основа на деталите на сликата да откриете за кој дел од денот станува збор, односно дали станува збор за 7 часот наутро, 11 часот или 15 часот.

На фотографијата се гледаат згради, автомобили, завеани патишта, а ЦИА со сликата постави и анкета на која луѓето гласаат за одговорот што сметаат дека е точен.

По неколку часа, агенцијата го објави точниот одговор, а она што особено ги изненади твитер-корисниците беше дека повеќето го дадоа точниот одговор.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава