X
 29.08.2024 Живот

Дали Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, одговор дава „Чет-ГПТ“

Дали Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата или Рафаел Надал? Можеби Роџер Федерер, Андре Агаси или Пит Сампрас? Токму затоа „Телеграф“ го праша „Чет-ГПТ“ и доби одговор дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња.

Вештачката интелигенција има пристап до сите статистички параметри. Иако обично нуди прилично општ одговор, овој пат „Чет-ГПТ“ одговори поинаку.

Големата тројка

- Кога се разговара за тоа кој е најдобар тенисер во историјата, најчесто се споменуваат три имиња: Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Овие тројца играчи го редефинираа спортот со своите достигнувања, а изборот на најдобрите зависи од различни критериуми како што се бројот на освоени гренд слем титули, времето поминато на врвот на АТП-листата, меѓусебните дуели и други фактори.

Моментално, Новак Ѓоковиќ се издвојува како најдобар тенисер според многу статистички параметри.
Број на освоени гренд слем титули: Ѓоковиќ има освоено 24 гренд слем титули, најмногу во историјата на машкиот тенис, надминувајќи ги Федерер (20) и Надал (22).

- Број на недели на врвот на АТП-листата: Ѓоковиќ го држи рекордот за најмногу недели поминати на врвот на АТП-листата со повеќе од 390 недели на врвот.

Ѓоковиќ во предност

- Меѓусебни дуели: Ѓоковиќ има победи против двата негови главни ривали, Федерер и Надал, што го става во поволна позиција во оваа дебата.

- Комплетност во играта: Ѓоковиќ е единствениот играч кој има победено на секој од гренд слем турнирите (Австралија опен, „Ролан Гарос“, „Вимблдон“, САД опен) најмалку трипати, што говори за неговата сестраност на сите подлоги.

- Вкупен број на титули и рекорди: Ѓоковиќ има повеќе од 95 трофеи во кариерата, вклучувајќи ги и рекордите за најмногу освоени „Мастерс 1.000“ титули - одговори „Чет-ГПТ“.

Извор: 6yka.com
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот