Доколку барате работа како продавач во странство, одговорен за вашето интервју можеби нема да биде личност, туку компјутер.
Вработувањето е новото нешто на кое се експериментира кога се работи за автоматизација на трудот. Алгоритмите се' почесто одбираат кој е добар кандидат за продажба на брза храна и слично. Згора на тоа, овие алгоритми решаваат се' врз основа на гласот на кандидатите.
Како функционира ова?
Да земеме познат глас како пример: Ал Пачино. Сетете се како тој звучи во „Кум“ или некој друг хит. Актерот зборува на различни дијалекти, со различни емоции и различна возраст. Меѓутоа, во секоје верзија, гласот на Пачино има биолошки неизбежен факт. Неговата боја на гласот предизвикува емоционална поврзаност со публиката.
Години и години научниците спроведувале истражувања за да го анализираат човековиот глас и да ги категоризираат најважните емоции преку говорот на личноста. Овие истражувања биле ставени во алгоритам кој интерпретира како одреден глас влијае на останатите и потоа ги претставиле откритијата пред луѓе, кои ги потврдувале или негирале сознанијата.
Без разлика дали сте среќни, тажни или се шегувате, вашиот глас има скриена и комплицирана структура со засебен печат, нешто како отпечаток. Со доволно експерименти и тестови, овие алгоритми може да станат подобри во предвидувањето на вашата енергија и начинот на кој влијаете врз другите.
Алгоритмот веќе бил искористен во процес на вработување продавачи со илјадници кандидати.