X
 09.11.2022 Политика

САД го добија првиот конгресмен од генерацијата З - „Имам алкохол постар од него“

САД го добија првиот конгресмен кој е претставник на генерацијата З и многу Американци коментираат дека се чувствуваат стари поради тоа и велат дека имаат алкохол постар од него.

Максвел Алехандро Фрост има 25 години и бил одбран за член на Конгресот од Орландо како претставник на демократите на изборите во вторникот. Тоа значи дека во американскиот Конгрес ќе има барем еден член на генерацијата З.

Според законот, 25 е минималната возраст што мора да ја имаат кандидатите за членови на Конгресот. Фрост е прогресивен демократ кој се фокусира на климатските промени, насилство со огнено оружје, права за абортус и здравствено осигурување за сите. Претходно работел во движење кое се бори против насилството со огнено оружје.



Друга кандидатка што ѝ припаѓа на истата генерација има шанси да влезе во Конгресот како претставник на републиканците. Каролин Ливит се кандидирала како претставник на Њу Хемпшир.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Frost for Congress
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика