Фото: Reuters
Работата за визионерската компанија „СпејсЕкс“ може да се нарече интензивна и комплексна. Процесот за вработување е започнува од моментот кога кандидатот ќе ја достави својата пријава на нивниот натпревар за работа.
Џош Боем опишува како изгледа процесот за пријавување за работата во „СпејсЕкс“ и што кандидатот може да очекува.
„Компанијата има доста строга политика. Илон и Гвајн Шотвел постојано велат дека сакаат само врвни таленти во тимот. Беше доста тешко да се доведат луѓето и да бидат дел од тимот“, вели Боем.
Еве како изгледа сето тоа според зборовите на Боем, за сите кои добиле работа во „СпејсЕкс“ помеѓу 2013 и 2016 година.
1. Тимовите во човечки ресурси имаат голем број апликации што мораат да ги прегледаат.
2. После тоа, апликантите имаат два до четири телефонски разговори. Со овие разговори менаџерите утврдуваат дали кандидатите се вредни да бидат повикани за интервју во живо.
3. Кандидатите кои ќе успеа да го поминат телефонското испитување, доаѓаат на кампусот во „СпејсЕкс“, каде поминуваат цел ден во интервјуа со секој оној што би можел да има било каков контакт со нив во самата компанија.
4. Вработените од „СпејсЕкс“ во парови ги испитуваат кандидатите во интервјуа што траат 7-8 часа.
5. Кога ќе помине половина од процесот, кандидатите имаат пауза за ручек и можат да ја разгледаат фабриката. После тоа, вториот дел повторно е составен од интервјуа.
6. Важно е да се напомене дека ако само еден вработен во „СпејсЕкс“, има било каква забелешка за кандидатите, тој кандидат си оди дома.
Боем во „СпејсЕкс“ работел и по 12 часа, но не жали за тоа. Вели дека верува во мисијата на компанијата. Доколку немал желба да основа сопствена компанија, тој и денес би работел за „СпејсЕкс“.
„Да имам и повеќе од 24 часа дневно, би сакал сите часови да
работам таму. Имаат одлична работна средина“, вели тој.