Камила Пакер, сопругата на кралот Чарлс, ги гледала претходните епизоди на „Круната“ и ги сметала за забавни, додека Чарлс „тајно“ ги гледал и еднаш се пошегувал на своја сметка на јавен настан велејќи: „Јас навистина не сум таков каков што ме прикажуваат во серијата“.
Меѓутоа, со петтата сезона на серијата, која се фокусира на 90-тите години и разводот на Дајана и Чарлс, ситуацијата се менува. Според некои извори, Чарлс престанал да ја гледа при крајот на четвртата сезона бидејќи била прилично непријатна за гледање.
Според „Ванити фер“, петтата сезона на „Круната“ е многу поповолна за Дијана бидејќи го прикажува вистинскиот шокантен разговор помеѓу Камила и Чарлс, додека целосно ги игнорира скандалите на принцезата Дијана.
Колку петтата сезона му штети на имиџот на кралот Чарлс?
Во првата недела од прикажувањето на петтата сезона серијата забележа 100 милиони часови гледаност.
Она што сега се наметнува како прашање е колку петтата сезона ќе го наруши имиџот на кралот Чарлс, по само два месеца откако седна на престолот.
- Овде не гледам ништо позитивно - вели Сали Бедел Смит, авторка на биографиите на Дајана, Чарлс и кралицата Елизабета.
- Петтата сезона повеќе се приклонува кон Дијана отколку кон Чарлс. Аферите на Дијана со кралското обезбедување Бери Манаки, Џејмс Хјуит, за кој се шпекулира дека е татко на Хари, и Оливер Хоар, за кого беше обвинета дека го вознемирувала јавувајќи му се 300 пати на ден, се изоставени.
Додека серијата прикажува шокантен разговор помеѓу Чарлс и Камила, во кој тој вели дека би сакал да биде во нејзините панталони, го испушта разговорот помеѓу Дијана и Џејмс Гилби што се случил во 1992 година, кога принцезата и принцот Чарлс сè уште биле во брак, а медиумите го објавија транскриптот од разговорот.
Во разговорот, Гилби ѝ кажува на Дијана дека ја сака.
Сали Бедел Смит верува дека Питер Морган, креаторот на серијата, е исклучително вешт во поврзувањето на добро истражените историски детали со неговата фикција.
- За повеќето гледачи е невозможно да се отплетка, а неговите фантазии стануваат прифатена реалност. Дури и кога има транскрипти од реалниот живот, тој екстравагантно измислува - смета Бедел.
Сепак, како што истакнува, вистинските главоболки за кралот допрва доаѓаат, кога принцот Хари ќе ги објави своите мемоари во јануари.
Фото: Screenshot/YouTube