Немате многу време, а сакате да гледате некоја божиќна серија? Следните две кратки серии се интересни и различни од оние на кои сме навикнати. Станува збор за две норвешки серии кои се идеални за гледање периодов.
„Дома за Божиќ“
Серијата има две сезони, а епизодите траат околу половина час. Главниот лик, Џоен, е последната невенчана личност во своето големо семејство. Таа решава да излаже дека има партнер и има 24 дена да најде момче кое ќе го однесе на семејната прослава.
„Невреме за Божиќ“
Станува збор за нова норвешка божиќна серија. Во неа група странци поминуваат над 20 часа заедно на аеродром поради невреме. Серијата носи божиќна магија во едноставната, но проблематична ситуација.
Извор:
Studentski
Насловна фотографија: Freepik