X
 05.01.2021 Живот

На само 21 година станала најмладата личност што ги посетила сите земји во светот

Алексис Роуз Алфорд, позната како Лекси Лимитлес, е Американка која била во сите земји во светот. На 21 година таа влезе во Гинисовата книга на рекорди како најмлада личност што патувала во сите земји на планетата.

Таа објаснува дека завршила средно училиште две години порано, а дипломирала на факултет на само 18 години. Дотогаш веќе била во 72 држави, најмногу преку туристичката агенција која ја поседуваат нејзините родители. Тогаш добила идеја да стане најмлада личност што патувала во сите земји во светот.



- На почетокот едноставно сакав да видам до кои граници може да отидам, што сакам од животот, како и едноставно да пропатувам што повеќе. Со текот на времето сфатив дека тоа што го правам ги инспирира луѓето околу мене, особено младите жени бидејќи јас сепак бев соло женски патник. Тогаш одлучив да им покажам на сите дека светот не е толку страшен како што го претставуваат медиумите и дека секаде постои љубезност - вели таа.



Лекси успеала да посети дури 120 земји за само 3 години, а сама ги покрила трошоците, иако имала соработки со одредени компании. Таа открива дека почнала да работи кога имала 12 години и оттогаш штеди. Со заштедата патувала првата година, а потоа работела како консултант за патувања во агенцијата на нејзините родители, а и како фотограф и блогер додека патувала.

- Секогаш се трудам добро да го истражам секое место, да најдам евтини хотели или да им понудам содржина на својата веб-страница во замена за бесплатно сместување - вели Лекси.

Извор: lolamagazin.com

Фото: Instagram

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот