X
 05.01.2023 Економија

Од 1 јануари поскапи патарини во некои европски земји

Доколку планирате да патувате со автомобил низ Европа, треба да очекувате поскапа патарина во некои земји. Цените на вињетите во Австрија, Унгарија и во Словачка се зголемени од почетокот на 2023 година.

Најголем раст има кај унгарската вињета. Месечната вињета за Унгарија поскапи за дури 70 отсто. Доколку патувате во Унгарија, треба да знаете дека месечната вињета сега чини околу 22 евра. Неделната вињета е поскапа за 44 отсто и чини околу 14 евра, а годишната е поскапа за 5 отсто и чини околу 120 евра.

Во Словачка цената за десетдневна вињета е зголемена од 10 на 12 евра, месечната од 14 на 17 евра, а годишната од 50 на 60 евра.

Зголемени се и цените на вињетите за Австрија. Новата цена за годишна вињета е 96,40 евра (зголемување за 2,60 евра), додека за двомесечната е 29 евра (зголемување за 0,80 евра). Цената за десетдневна вињета сега е 9,90 евра (зголемување за 0,30 евра). Треба да се земе предвид дека австриската вињета за 2022 година важи до 31 јануари 2023 година.

Извор: Capital
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија