Многумина од нас на социјалните мрежи прочитале дека патувањето е добро за душата, но само затоа што го виделе на интернет, не значи дека е вистина.
Но, што ако ви кажеме дека постојат научни докази што покажуваат дека цитатот е реален?
Следниот пат кога ќе размислувате дали да прескокнете некоја шанса за патување, можеби треба да го преиспитате тој избор. Патувањето може да биде добро за вашето здравје, особено за здравјето на срцето.
Здружението на патници откри дека оние што не наоѓаат време за одмор се поподложни на развој на срцеви заболувања. Истражувачите откриле дека мажите кои го прескокнуваат годишниот одмор имаат 30 отсто поголеми шанси да доживеат срцев удар.
Одморот може да го намали стресот, да ја зголеми вашата креативност, да ви ја зголеми продуктивноста и да ги намали срцевите заболувања, особено кај жените. Одморот може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести за 32 отсто. Едно истражување покажа дека по само еден или два дена речиси 90 отсто од луѓето пријавиле пониски нивоа на стрес.
За многумина, патувањето е примамливо и забавно, но во реалноста патувањето може да биде од корист за умот, телото и духот. Бидејќи депресијата е двојно почеста кај луѓето со срцеви заболувања, патувањето може да ги олесни двата проблеми.
И патувањето некогаш може да биде стресно поради доцнење на лет, изгубен багаж или општ стрес на патот, но сепак треба да се охрабрите, да земете слободни денови и да одвоите време за да се опуштите.
Фото: Freepik