Изградбата на „Емпајер стејт билдинг“ почнала во јануари 1930 година, по само три месеци од падот на Волстрит што ја предизвикал Големата депресија.
Иако економските услови го спречиле проектот да постигне профитабилност до 50-тите години, тој сепак бил симболичен пркос на тие тешки времиња, за на крајот да стане икона на САД и Њујорк.
Видеото подолу ги прикажува техничките иновации на облакодерот; во екот на изградбата биле вклучени повеќе од 3.500 работници. Тоа што повеќето од нив биле неодамнешни имигранти од земји како Ирска и Италија ја одразува популарната слика на САД од почетокот на 20 век, како „земја на можности“.
Извор:
Open Culture
Фото: Screenshot/YouTube