X
 05.09.2015 Култура

Дали е ова иднината на маркетингот?

Брендот за дезодоранси „Unilever Axe“ ја лансираше својата најнова видео кампања во Бразил користејќи ги Ромео и Јулија на реклама која се појавува во повеќе од 100.000 различни варијации, во зависност од интересите на корисниците.

 

слика


Рекламата позади која стои агенцијата „Cubbocc“, ја создаде приказната која може да биде и научна фантастика и криминалистичка, во зависност од корисникот.

Кампањата наречена „Romeo Reboot“, експертите планираат да ја користат и за други кампањи поради интересниот формат.

Кампањата која започна минатиот месец, ги дели потрошувачите на „Axe“ во четири сегменти, нудејќи 25.000 пермутации во секој сегмент или вкупно 100.000 Во соработка со агенцијата за истражување „Box1824“, рекламните агенти направија целни групи во зависност од музичкиот вкус, брендот со кој се идентификуваат и другите карактеристики на потрошувачка - Artsy, Fresh, naturals и Roots групи на корисници.

Од 11 сцени на трејлерот, шест можат да варираат во зависност од профилот на гледачите. Бидејќи кампањата се води во дигиталните медиуми во Бразил, агенцијата ќе може да ги оптимизира резултатите врз основа на тоа како луѓето реагираат.

Прилагодувањето на реклами се движат од суптилни до бокати, со различни музички секвенци, сексуална или романтична содржина. Некои верзии го прикажуваат човекот во канцеларија, додека другите се фокусираат на криминалистичка акција или научна фантастика со киклопи.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура