X
 07.12.2017 Живот

Ѕирнете во внатрешноста на единствениот приватен „боинг-787“?

Летањето околу светот со приватен авион е сон за многумина, но е реалност за богатите и елитата во светот. Реткост е да се погледне внатрешноста на ваквите луксузни авиони, па затоа видеото од блогерот Сем Чуи што ќе го погледнете е навистина многу интересно. Станува збор за тура во единствениот приватен авион „боинг-787“ на светот.

фото извор: Telegraph

Ќе ги видите скалите покриени со црвен тепих, а во авионот има и вработени роботи. Во авионот може да има по 16 гости истовремено, а спалните соби изгледаат неверојатно.

Авионот бил отворен за посетители на „Дубаи Аир шоу“. Обезбедува услуга од 7 ѕвезди за своите гости. Ентериерот е дизајниран од францускиот дизајнер Жак Пјержан, кој потрошил повеќе од 2 години за да го дизајнира луксузниот авион.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот