Кога вакцините против ковид-19 беа првпат одобрени од регулаторните тела низ светот, многумина беа скептични. Дури и денес многумина одбиваат да се вакцинираат поради разни причини или едноставно се плашат поради големиот број информации што кружат на интернет.
Повеќето луѓе не знаат како дејствува вакцината и како ги штити луѓето. На Роб Сванда, студент на докторски студии по биомедицински и биолошки науки на Универзитетот „Корнел“, веднаш му било јасно како РНК во вакцината дејствува против ковид-19. Од друга страна, на неговите родители, кои не се научници, тоа не им било јасно.
Затоа, Сванда се обидел подобро да им објасни на своите скептични родители како функционира вакцината со тоа што им одговарал на сите прашања на едноставен јазик за полесно да ја разберат технологијата што стои зад вакцините. Сванда потоа снимил видео од своето објаснување за да го сподели со пријателите и роднините кои биле скептични.
Во видеото тој разговара со кандидатката за докторски студии Ирма Фернандез. Двајцата не можеле да замислат дека нивното видео ќе стане хит на социјалните мрежи.
Видеото имало милиони прегледи и илјадници коментари, а тоа го охрабрило Сванда да снима и други видеа со дополнителни објаснувања. Еве како Сванда го објаснува функционирањето на вакцините што ги произведоа „Фајзер“ и „Модерна“.
Извор:
Dnevnik
Фото: Twitter (Printscreen)