X
 11.11.2021 Образование

Студент од Србија паралелно студира на два факултети и сите му се десетки

Вук Бибиќ од Ниш успешно студира на два факултети истовремено. Тој во рок го завршил Природно-математичкиот факултет, кој трае три години, а сега го завршува и Факултетот за електроника, кој трае четири години. Сите оценки на двата факултети му се десетки.

Желбата на Вук била да добие знаење од двата факултети на кои се учат компјутерски технологии, но на различен начин. Тој се дообразова со курсеви и сака да чита книги.

- Планирав вонредно да го запишам Природно-математичкиот факултет, но не знаев дека таа опција не постои веќе неколку години, па затоа морав да слушам и предавања и вежби. Многу професори имаат разбирање по тоа прашање. Некои ми дозволуваа да отсуствувам, но имаше и такви што не дозволуваа. Мислев дека ќе биде многу потешко отколку што навистина беше - вели Вук за „Телеграф“.

Според него, клучот е во добрата организираност. Додека некој со часови го одложува учењето, Вук веќе го совладал материјалот и продолжува понатаму. Тоа не значи дека тој не спие навечер или не излегува.


- Јас не би можел да замислам неколку дена, а не пак подолго да не излезам од дома или да немам социјален контакт. Сметам дека е неопходно да се одржи баланс. Кога тоа време навечер би го одвоил за да учам, а не да излезам, тоа учење само би напредувало полошо и полошо - открива Вук.

За време на студиите Вук морал да оди на предавања на различните факултети, кои се наоѓаат во различни делови од градот. Само двапати му се преклопиле испити, но и тоа успеал да го реши. Никогаш не поништил оценка, а многу професори воопшто не знаеле дека Вук студира на два факултети.

Тој завршил студии за компјутерски науки на Природно-математичкиот факултет, додека на Факултетот за електроника студира компјутерска информатика. Како што открива, фокусот на студиите е различен, па така на Факултетот за електроника се фокусира повеќе на хардверот и организацијата на компјутерот, а на Природно-математичкиот факултет фокусот е ставен на математиката.

Во следниот период Вук планира да запише магистерски студии во странство.

Извор: Telegraf
Фото: YouTube (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование