Џоен Жу, 25-годишна жителка на Австралија, стана милионер откако беше извлечена за главната награда во лотарија за поттикнување на вакцинацијата против ковид-19.
Речиси три милиони жители на Австралија учествувале во лотаријата за 1 милион австралиски долари само со примање вакцина. Парите биле собрани од група филантропи и компании со цел да се поттикнат повеќе жители да се вакцинираат против ковид-19.
Жу планира да ги потроши парите за да се види со семејството.
- Сакам да им платам летови во прва класа од Кина на членовите на моето семејство и да ги сместам во хотел со пет ѕвезди за Кинеската Нова година, доколку границите се отворени - изјавила Жу.
Таа планира да купи подароци за семејството, а останатиот дел од парите ќе ги инвестира или ќе им ги донира на оние на кои им е потребно.
Се смета дека кампањата поттикнала многу жители на Австралија да се вакцинираат. Во земјата досега целосно се вакцинирани 80 отсто од жителите постари од 16 години.
Во рамките на лотаријата секој ден се доделувале и ваучери со вредност од 1.000 австралиски долари.
Минатата недела Австралија ги отвори границите, првпат по почетокот на пандемијата.
Извор:
Sky News
Фото: Facebook