X
 18.01.2022 Здравје

„Модерна“ работи на комбинирана вакцина против коронавирусот, грип и РСВ

Фармацевтската компанија „Модерна“ планира да произведува една вакцина која ќе нуди заштита од ковид-19, сезонски грип и РСВ, чест респираторен вирус. Вакцината треба да пристигне за најмногу 2 години, пренесува „Гардијан“.

Главниот извршен директор на „Модерна“, Стефан Бансел, открил дека комбинираната вакцина би можела да биде достапна пред зимската сезона во 2023 година, а најдоцна до есента наредната година.

- Нашата цел е да се има една годишна вакцина-засилувач за да се нема проблеми кога луѓето не сакаат да примат две или три вакцини секоја зима - изјавил Бансел на Светскиот економски форум во Давос.


Фото: Pixabay

Бансел претходно изјавил дека можеби ќе има потреба за четврта доза од вакцината против ковид-19 наесен бидејќи заштитата од вакцините-засилувачи се намалува со месеците. Месецов Израел стана првата земја во светот што почна да ги вакцинира жителите постари од 60 години со четврта доза од вакцина против ковид-19.

Во меѓувреме, експертите велат дека нема докази дека повеќе вакцини-засилувачи може да бидат штетни за имунолошкиот систем и дополнителните дози нудат поголема заштита против повеќе соеви.


Фото: Pixabay

Бансел изјавил и дека „Модерна“ привршува со подготовката на вакцина против ковид-19 која нуди специјална заштита од сојот омикрон. Компанијата ќе побара одобрување за вакцината од регулаторните тела во март.

Извор: The Guardian
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје