Онлајн агент за патувања на брачен пар му продал пакет за летување во Кефалонија во кој било вклучено сместување 600 километри оддалечено од плажата, на сосема друг остров.
Фото: NoraDoa - Fotolia
Парот од Британија резервирал летување на грчкиот остров преку веб страницата LastMinute.com, кое чинело 1.000 евра, а вклучувало лет од Станстед до Кефалонија со „RayanAir“.
Во потврдата пишувало дека парот резервирал „лет и хотелско сместување за седум ноќевања во Кефалонија“, меѓутоа подолу пишувало: „со сместување во хотелот Скала кој се наоѓа во Патмос.
Патмос се наоѓа на Егејско Море, близу границата со Турција, додека Кефалонија се наоѓа на Јонско море.
Тоа значи дека британскиот пар би морал да тргне на 17 часовно патување - вклучувајќи и осумчасовно возење со ферибот за да се чекира во хотелот.
Поради грешката на парот му биле вратени парите, а
компанијата изјавила дека станува збор за „техничка грешка“, извинувајќи се за предизвиканите непријатности.