Наместо мала матурска вечер и матурска екскурзија, децата во Швајцарија годината на заедничко дружење и школување го заокружуваат со престојување на планина. Мала матура се слави на 12 години и со тоа тие завршуваат со основното училиште, бидејќи основното образование во Швајцарија трае само 6 години.
Швајцарските училишта сериозно ја сфаќаат својата улога во воспитување на децата. Бидејќи се повеќе од свесни дека половина идни Швајцарци доаѓаат од семејство на странци, од градинка до крајот на средно образование се обидуваат да им ги внесат своите мерила за вредност.
На никој не му паѓа на памет децата да ги носи во хотел и да им плаќа некој кој ќе ги служи. Напротив, децата се сместувани во некои од бројните, скромни наместени планинарски домови; тие спијат во заеднички соби, во своите вреќи за спиење.
Тоа не е доволно, па децата со месеци наназад се трудат колективно да заработат пари и со тоа да ги намалат и така минималните трошоци: пред Божиќ прават украси и ги продаваат пред училиштето, продаваат колачи пред трговките центри и слично. Училиштата ги учат да пронајдат спонзори, доколку е тоа возможно.
За да функционира се` како што треба, децата мораат однапред да го започнат планирањето и договарањето. Тие се поделени на неколку групи, а секој од нив има своја задача: еден ден, првата група набавува храна, втората прави јадење, третата чисти, четвртата ја подготвува кујната. Следниот ден се менуваат улогите. Така секое дете ќе помине низ сите тие „домаќински работи“ и ќе научи како да преживее без родителите. Менито се прави однапред - приоритет е децата да се навикнат на швајцарска кујна. А доколку некое од нив треба да се казни, под казна го чисти вц-то.
На тој начин децата се подготвуваат да (пре)живеат сами, без никаква помош од родителите, во најлоши услови за живот.