Русија се наоѓа помеѓу 10. најголеми извозници на чоколадо во светот годинава. Таа извезува повеќе чоколадни производи од Швајцарија според вредноста на производите продадени во странство, пренесува „Москоу тајмс“.
Русија извезла чоколадни производи во вкупна вредност од 839 милиони долари од септември 2020 до септември 2021 година. За споредба, извозот на чоколадни производи на Швајцарија во истиот период изнесувал 819 милиони долари.
Кога станува збор за количината, Русија извезла речиси трипати повеќе чоколадо од Швајцарија во анализираниот период.
Некои од најголемите купувачи на руското чоколадо се Кина, Белорусија, Ерменија, Казахстан и Киргистан.
Извор:
The Moscow Times
Фото: Pixabay