И покрај тоа што е еден од четирите национални јазици во Швајцарија, помалку од 0,5 отсто од Швајцарците можат да одговорат потврдно на прашањето - дали зборуваш реторомански.
Ретороманскиот јазик е романски јазик распространет во најголемиот швајцарски кантон Грабунден, кој се наоѓа во југоисточниот дел на земјата. Во текот на минатиот век бројот на говорители на реторомански паднал на 50 отсто, на 60.000. Патниците што го посетуваат кантонот и денес можат да ги видат уличните знаци на овој јазик и во рестораните да слушнат „алегра“ (добре дојдовте). Но речиси 40 отсто од луѓето што го зборуваат јазикот ја напуштиле областа за подобри можности на места како Цирих и ретко може да се слушне реторомански надвор од овој кантон. Во таква мала земја, дали може да преживее јазик што го зборуваат само мал дел од населението или е осуден на пропаст?
Се верува дека јазикот потекнува од 15 век пр.н.е. кога Римјаните ја освоиле Реатија, денешен Грабунден. Ретороманскиот јазик е резултат на комбинацијата на вулгарен латински што го зборувале војниците и колонистите, и реатински јазик, јазикот на домородците. Овој нов хибриден јазик бил главен во областа до 15 век, кога кантонот првпат бил претворен во лабава конфедерација позната како Слободната држава на трите лиги.
Лигите го користеле германскиот како главен јазик и бидејќи локалните села биле изолирани во планински предел, ретороманскиот јазик фрагментирал во околу пет различни дијалекти, секој со сопствен пишан јазик. Овој недостиг на унифициран стандард ја спречи способноста на Римјаните да пораснат онака како што пораснале Германците и Французите. Сѐ повеќе и повеќе Германци дошле во областа - до 19 век кантонот ги охрабрил ретроманските жители да научат германски. Денес германскиот е најистакнат јазик во Грабунден.
Швајцарците се горди на својата култура и во 1938 година повеќе од 90 отсто од луѓето во земјата гласале за ретороманскиот да стане официјален национален јазик. Швајцарската влада троши околу 7,6 милиони швајцарски франци годишно за да го промовира и да го зачува овој јазик.
- Јазикот е значен и важен израз на културниот идентитет, а без јазик губите многу аспекти на културата - вели д-р Грегори Андерсон, директор на Институтот за загрозени живи јазици.
Без ретороманскиот јазик, различни традиционални локални рецепти би биле заборавени.
- Ретороманскиот придонесува на свој начин во повеќејазичната Швајцарија. И на различно ниво, смртта на јазикот подразбира губење на уникатен начин да се види и да се опише светот - вели Андерсон.
Но бројот на луѓе што го зборуваат јазикот се намалува бидејќи жителите на Грабунден им даваат поголемо значење на мејнстрим-јазиците. Во многу училишта во Грабунден германскиот е главен јазик, а мал број села продолжуваат да учат мешавина од специфичен дијалект и единствен реторички јазик. Повеќето училишта нудат лекции за реторомански јазик, но тоа не е задолжителен курс.
Сепак, постои надеж: во последниве години има мал напредок што може да помогне за заживување на јазикот.
- Пред повеќе години никој не сакаше работи што беа традиционално швајцарски, но сега луѓето се уморни од сѐ што е исто. Сега луѓето се реторомански настроени бидејќи е различно и ретко, а сѐ што е ретко и ексклузивно е интересно денес.
Постојат
ретороманскa телевизија и радиостаница и реторомански весник. Сите тие користат мешавина од јазикот и различни дијалекти.