X
 05.01.2023 Живот

Жителите на Естонија ќе можат да си ги подигнат пасошите во супермаркет

Почнувајќи од 12 јануари, жителите на Естонија ќе можат да си ги подигнат новите пасоши и лични карти во супермаркет. Новата иницијатива е резултат на соработка со синџирот супермаркети „Селвер“. На почеток документите ќе може да се подигнат на пет локации, од кои четири се во главниот град Талин.

Во рамките на иницијативата, приватната компанија „Хансаб“ ќе има лиценца да издава лични документи за да се намали чекањето во канцелариите на полицијата во земјата.

Сите документи ќе имаат дигитален статус кој ќе биде регистриран во системот на полицијата, но физички, услугата на издавање на овие документи ќе им биде доделена на приватните компании за да се заштеди време. Вработените што ќе ги издаваат документите ќе поминат обука и ќе бидат внимателно одбрани за оваа работа.

Во април иницијативата треба да биде проширена во сите делови на Естонија, но и во Финска. Се очекува да има 50 места за подигнување лични документи во Естонија и во Финска.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот