X
 05.01.2024 Живот

МОН објави втор повик за финансиска помош за студенти кои живеат надвор од местото на студирање

Министерството за образование и наука објави втор повик за остварување финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање за академската 2023/24 година.

Со повикот се опфатени редовните студенти кои студираат на државните универзитети и живеат надвор од местото на студирање.

За добивање финансиска поддршка, кандидатите треба да се пријават електронски, на следниот линк: e-uslugi.mon.gov.mk

При пријавувањето, кандидатите треба да ги пополнат податоците во пријавата за стекнување финансиска поддршка на студенти кои живеат надвор од местото на студирање (нема образец за пријава, туку се пополнува директно апликацијата) и да ја штиклираат изјавата за давање согласност за обработка на личните податоци на студентот за финансиска поддршка на студенти, кои живеат надвор од местото на студирање.

Потребно е и да се прикачат следните докази:

1.Потврда за редовен студент на државен универзитет;

2.Уверение за државјанство;

3.Лична карта или друг документ за идентификација;

4.Трансакциска сметка;

5.Доказ за висина на месечниот билет за меѓуградски превоз од местото на живеење до местото на студирање.

Рокот за пријавување за редовните студенти трае 7 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

Финансиската поддршка за корисниците е во висина на месечниот билет за меѓуградски сообраќај од местото на живеење на студентот до местото на студирање, во износ не помал од 600 денари и не поголем од 1.200 денари месечно, за период од седум месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година, стои во повикот кој можете да го видите ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот