X
 02.04.2021 Живот

Африканска држава ги одредува приоритетните групи за финансиска помош преку сателитски фотографии

Африканската земја Того им испраќа пари на најсиромашните граѓани за време на пандемијата. Секој месец, во период од пет месеци, жените добиваат 15 долари, а мажите 13 долари. Граѓаните се пријавуваат за оваа помош, но државата е таа што одлучува кој ќе ја добие.

За да препознае кои жители се најсиромашни, Того користи сателитски слики и алгоритам со кој ги идентификува граѓаните на кои најмногу им треба помош. Во соработка со Универзитетот на Калифорнија во Беркли, владата на Того создала мапа од сателитски фотографии на која се препознаваат сиромашните населби и индивидуални домови. Целта е да им се помогне на домаќинствата за време на пандемијата.

Владата го организира доделувањето на помошта, но парите се донирани од хуманитарната организација „Гив дајректли“, известува Би-би-си. Досега 35.000 жители на Того добиле финансиска помош преку овој проект, а се планира тројно зголемување на бројот во следните месеци.


Извор: bbc.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот