Во рамки на четвртиот пакет мерки за справување со последиците од Ковид-19 е и еднократната финансиска помош за купување домашни производи во износ од 6.000 денари.
Сега можете и да проверите дали ќе добиете ваква помош. Сè што треба да направите е да одите на страницата „Купувам домашно“ (
ТУКА), да го внесете вашиот матичен број, да кликнете во полето каде од вас се бара да потврдите дека не сте робот (I'm not a robot) и потоа да кликнете на „Пребарај“.
Оваа финансиска поддршка е наменета за граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.
Доколку сте добиле финансиска помош, при самата проверка ќе бидете можете да се информирате преку која банка ќе ви биде распределена истата. Банката ја распределува финансиската поддршка на трансакциската сметка на корисниците.
-Примената финансиска поддршка од корисниците на финансиска поддршка ја користат исклучиво за купување на македонски производи и услуги кај правни и физички лица вршители на стопанска дејност, резиденти на Република Македонија, во периодот од денот на приемот на средствата на трансакциска сметка до 25.12.2020 година - се наведува на страницата „Купувам домашно“ и се додава дека физичкото лице кое ги исполнува условите, а не добило финансиска поддршка, може да поднесе приговор, во рок од три дена од денот на објавување на листата со наведување на ЕМБГ, име и презиме, адреса на живеење, општина, е-маил и категоријата на лица-корисници на финансиска поддршка за која ги исполнува условите.
Насловна фотографија: Pixabay