X
 05.03.2019 Култура

Пристигна новиот трејлер за „Игра на троновите“

Ejч-Би-О го објави најновиот трејлер за осмата сезона од „Игра на троновите“.

Како што може да се очекува, преовладува прилично мрачна атмосфера, полна со предупредувања за војната што доаѓа.

Не знаеме многу детали за претстојната сезона, иако знаеме дека ќе ја вклучува најдолгата сцена со битка некогаш снимена, што ќе се случи во Винтерфел во текот на една епизода.

Трејлерот започнува со преплашената Арја како бега од непознат пријател низ ходниците на Винтерфел, што може да значи дека Белите шетачи влегле во домот на Старк. Со оглед на тоа што Арја низ серијата помина низ многу работи, загрижува тоа што е испаничена. Оваа сцена потврдува дека сите ја сфаќаат сериозно заканата од Ноќниот крал.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура