Фото: Pixabay
Во Франција се затворени избирачките места откако помина и вториот круг од претседателските избори.
Излезните анкети покажуваат дека Емануел Макрон е новиот француски претседател. Тој освои 65.5% до 66.1% од гласовите, додека лидерот на Националниот фронт Марин Ле Пен доби помеѓу 33.9% и 34.5% од гласовите, велат анкетите од институтот „Harris Interactive“.
Емануел
Макрон ќе биде најмладиот претседател во историјата на Франција, со убедливата победа против неговата 48 годишна против кандидатка.