Game of Thrones, една од најнаградуваните серии, го остава суровиот север зад себе. Во октомври ќе се снима на прекрасна плажа во Баскија. На нудистичка плажа.
Серијата ќе се снима на
плажа во градот Барика. Градоначалникот Роберто Муњоз изјавил дека се навистина среќни што серија од таков ранг ќе се снима баш во тој град.
Сепак, тој не располагал со детали за снимањето во октомрви, само изјавил дека 7-та сезона од култната серија генерално е обвиткана во мистерија.
Плажата каде треба да се снима е скриена во мал залив опкружен со прекрасни гребени. Местото е како магнет за сурфери и качувачи на карпи. На баскиски сајт за туризам местото се препорачува како „скриен дијамант, идеално место за оние кои сакаат тивка атмосфера“, што е одлично за
снимање далеку од очите на јавноста и папараци кои се во потрага по спојлери за престојната сезона.
Северна Ирска, Хрватска и Исланд уште повеќе добија на популарност откако серијата се снимаше на локации во овие земји.