X
 05.03.2021 Образование

МОН организира стручен испит за воспитувачите и стручните соработници во јавните ученички домови

Министерството за образование и наука организира стручен испит за воспитувачите и стручните соработници кои по истекот на приправничкиот стаж се должни да го полагаат истиот. Полагањето на стручниот испит Министерството за образование и наука ќе го реализира на крајот на месец март и во текот на месец април 2021 година.

Воспитувачите/стручните соработници во ученичките домови кои го завршиле приправничкиот стаж и ги исполнуваат условите за полагање на стручен испит треба да достават Пријава за полагање на стручен испит со следната документација:

1. Уверение за завршен приправнички стаж во јавен ученички дом во траење од една година во кое ќе биде наведен рокот во кој се одвивал приправничкиот стаж, заверено со архивски број на ученичкиот дом во кој се одвивал приправничкиот стаж.

2. Мислење од менторот за работата на воспитувачот во текот на приправничкиот стаж, заверено со архивски број на ученичкиот дом во кој се одвивал приправничкиот стаж.

3. Мислење од највисокиот стручен орган на ученичкиот дом во кој е вработен воспитувачот за неговата воспитно-образовна работа, заверено со архивски број на ученичкиот дом во кој се одвивал приправничкиот стаж. Ученичкиот дом во кој работи приправникот да направи проверка по кој пат (прв, втор и т.н.) полага приправникот и истото да го нагласи во мислењето.

4. Домашна писмена работа (во два примерока).

5. Извештај од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за остварен работен стаж на воспитувачот од една календарска година.

6. Диплома или Уверение за завршено соодветно образование (во оригинал или заверена на нотар).

7. Уверение за здобиена педагошко-психолошка и методска подготовка здобиено на акредитирана високообразовна установа и

8. Примерок од уплатницата за уплатените средства за полагање на стручен испит.

ТУКА можете да го видите целото известување и да ги преземете потребните документи, а ТУКА можете да го прочитате правилникот за начинот на полагање на стручниот испит за воспитувач и стручен соработник во јавен ученички дом.

Фото: Facebook

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование