X
 05.03.2021 Технологија

Телефоните наскоро би можеле да имаат суперкамери инспирирани од видот на ракчето-богомолка

Доколку би можеле да гледате низ очите на кое било друго животно, веројатно не би го одбрале морското ракче-богомолка. Тоа не би требало да биде така бидејќи овој вид ракче може да гледа многу подобро од луѓето.

Визуелниот систем на морското рачке-богомолка

Луѓето имаат три фоторецептори: црвен, зелен и син. Во споредба со кучињата, кои ги имаат само последните две, нашиот вид е одличен. Но тој не е ниту приближно добар како оној на морското ракче-богомолка. Овој вид ракче го има најкомплексниот систем за гледање во светот со дури 16 фоторецептори. Тие може да гледаат ултравиолетова светлина, покрај поларизираната и онаа што ја гледаме ние.

Ова ракче е единственото познато животно што може да забележи кружно поларизирана светлина (кога дел од светлината ротира во круг). Овие ракчиња може и да мерат длабочина со едно око и да ги движат очите независно едно од друго.


Фото: Wikipedia

Инспирирани од ова животно, група истражувачи создале мал оптички сензор кој може да го собере на телефон со кој може да се прават хиперспектрални и полариметрични фотографии.

Хиперспектралното снимање се однесува на технологија способна да ги разгради видливите бранови должини на светлината во ленти што може да ги забележи компјутерот, но не и човекот. Со ваквото снимање може да се идентификува хемискиот состав на предметите на фотографиите.


Фото: Pixabay

Полариметријата е израз што се користи за мерење на поларизацијата на светлината, а со овие податоци научниците може да ја идентификуваат геометријата на површината на објектот на фотографијата. На пример, може да препознаат дали некоја површина е груба или мазна, како и да пресметуваат агли.

Научниците што ги создале новите сензори се инспирирале од очите на морското ракче-богомолка и ги имитирале способностите на системот за гледање на ова животно. 

Автор: Бред Берган
Извор: interestingengineering.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија