На пазарот има огромен број паметни телефони. Но, што ако го сакате најдобриот во барем една категорија? Еве неколку
предлози:
1. Најјак мултитаскинг - Samsung Galaxy Note 8
Овој телефон можете без претерување да го наречете мини компјутер. Така и се однесува ако го приклучите на Samsung Dex и монитор. Меѓу другото, доаѓа и со осумјадрен процесор (Exynos 8895 или Snapdragon 835, зависно од пазарт), дигитално пенкалце за белешки и писмени анимации, 6 гигабајти РАМ, итн. Недостаток: Скап е.
Фото: T Portal
2. Игри и мултимедија: Razer Phone
Кога се појави овој телефон многумина беа изненадени бидејќи тој беше прв обид за изработка на паметен телефон на произведувачи на хардвери за игри. Се покажа како еден од најдобрите паметни телефони за играње, со екран UltraMotion od 120 Hz, процесор Snapdragon 835, осум гигабајти РАМ, поддршка за Netflix HDR и 5.1 surround sound...
Фото: T Portal
3. Најјак процесор: OnePlus 5
Иако го фалат поради цената, изгледот и камерата, OnePlus 5 е најјак кога станува збор за перформнсите на процесорот (осумјадрен Snapdragon 835, поддржан со шест или осум гигабајти РАМ). Според Antutu, телефонот нема соперник меѓу Андроидите, а единствените кои се пред него по резултатите се iPhone 8 и 8 Plus.
Фото: T Portal
4. Најјака батерија: Oppo R11 Plus
Се повеќе произведители на паметни телефони посветуваат се поголемо внимание на батериите. Кога станува збор за издржливост, моментно, крал е Oppo R11 Plus, чија батерија има капацитет од 4.000 mAh и може да издржи подолго од 16 часа и покрај 6-инчниот екран и HD резолуцијата.
Фото: T Portal
5. Најдобар по просек: Xiaomi Mi 6
Овој телефон ќе го најдете во топ 10 најдобри паметни телефони во три главни апликации кои се занимаваат со мерење на перформансите на паметните телефони: Geekbench 4, Antutu и PCMark for Android. Тој беше еден од првите паметни телефони со процесор Snapdragon 835 и 6 гигабајти РАМ.
Фото: T Portal