Инспириран од љубовта кон природата, дизајнерот Каспар Шолс создал кабина што нуди уникатно искуство.
„Ана Стеј“ е најновата кабина направена од дрво и стакло. Кабината има две лизгачки „школки“ приспособени на секоја клима, па тие можат да се отворат секојпат кога сакате да земете свеж воздух. Кога е целосно затворена, внатрешноста на кабината се состои од голема површина. Но, вистинската магија е способноста да се трансформира според сезоната и климата.
- Во зима „Ана“ ја одржува топлината внатре како дебел зимски капут. Напролет и наесен стаклото го задржува дождот надвор или го пушта сонцето да влезе за да го загрее просторот. Ако премногу се загрее, можете да го затворите дрвениот слој за да ја задржите свежината внатре или да го отворите стаклениот слој за да дозволите студениот ветер да влезе. Во сите сезони можете да живеете и да спиете под стакло или на отворено со заштитни слоеви - вели Шолс.
Оваа флексибилност е клучна компонента на „Ана“. Токму флексибилноста ќе им овозможи на луѓето да се поврзат со природата на подлабок начин.
- Повеќето луѓе во развиените земји никогаш во животот не спиеле на отворено и не се разбудиле под огромно дрво, или не заспале со звукот на ветерот што дува низ дрвјата. Наш сон е да создадеме мрежа на вакви кабини за да придонесеме за свет во кој луѓето имаат слобода да живеат како дел од природата - додава тој.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Instagram