Активистите низ целиот свет постојано се борат за зачувување на пчелите бидејќи тие се опрашувачи од кои зависи човекот за снабдување со храна. Сојузната американска држава Калифорнија неодамна направила големи чекори на ова поле и ги класифицирала пчелите како риби според законот за загрозени видови.
Зошто Калифорнија ги класифицирала пчелите како риби?
Според Памела Флик од организацијата „Дефендерс оф валјдлајф“, одлуката потврдува дека пчелите ќе бидат заштитени како автохтон вид во сојузната држава.
- Со оглед на тоа што секој трет залак храна што го јадеме доаѓа од земјоделска култура опрашувана од пчели, оваа судска одлука е од клучно значење за заштита на нашето снабдување со храна - изјавила Ребека Спектор, директорка на Центарот за безбедност на храна во Западниот Брег.
Фото: Pixabay
Со одлуката се потврдува дека инсектите како пчелите ги исполнуваат условите за заштита, што е неопходно за да се обезбеди преживување и напредување на загрозените видови.
Врз основа на пресудата, во групата на рибите, кои може да бидат третирани како загрозен вид, не мора да се вклучени само морски животни, туку оваа класификација може да вклучува и инсекти, како пчелите.
Извор:
Green
Насловна фотографија: Pixabay