Академската јавност долго време тврди дека родовите разлики се општествено детерминирани, а не биолошки. Најново истражување првпат покажува дека полот одредува како мислиме и како се однесуваме.
Прашањето дали машкиот и женскиот мозок се различни се покажа како контроверзно, а повеќето научници тврдеа дека општеството, а не биологијата, е она што води до разликите. Никогаш немало сигурни докази за разликата во мозочната активност меѓу мажите и жените, но Универзитетот „Стенфорд“ покажа дека е можно да се направи разлика помеѓу половите врз основа на активноста во областите на мозокот наречени „жешки точки“.
Тука е вклучена областа на мозокот за која се смета дека е невролошки центар на себеси и е важна во интроспекцијата и интерпретацијата на личните сеќавања.
Вклучен е и лимбичкиот систем кој помага во регулирањето на емоциите, меморијата и сексуалната стимулација, како и стриатумот, кој е важен за формирање навики и наградување.
Експертите велат дека разликите во мозокот можат да влијаат врз тоа како мажите и жените се гледаат себеси, како комуницираат со другите луѓе и како се сеќаваат на минатите искуства.
- Ова е силен доказ дека полот е цврста детерминанта на организацијата на човечкиот мозок. Нашите наоди покажуваат дека разликите во шемите на мозочната активност во овие клучни мозочни региони придонесуваат за специфични варијации на половите во когнитивното функционирање - рече д-р Винод Менон, професор по психијатрија и бихевиорални науки на Универзитетот „Стенфорд“.
Тој додаде дека се потребни дополнителни истражувања за целосно да се разберат импликациите од наодите.
Добро е познато дека машките и женските хромозоми ослободуваат полови специфични хормони, особено за време на раниот развој, пубертетот и стареењето. Исто така, постојат значителни разлики во однесувањето на жените и мажите во реалниот свет. Жените имаат подобри вештини за читање со разбирање и пишување во просек и имаат добра долгорочна меморија. Спротивно на тоа, мажите се чини дека имаат посилна визуелна и просторна свест и подобра работна меморија.
Сепак, научниците долго време се мачеа да ги откријат овие разлики во невронската активност имајќи предвид дека структурата на мозокот е иста и кај мажите и кај жените.
За истражувањето, тимот користел објаснувачка вештачка интелигенција - тип на компјутерско учење што може да помине низ огромни количини податоци за да објасни зошто се јавува некој ефект.
Во моделот биле внесени снимки од мозокот со магнетна резонанса и било посочено дали гледа во жена или маж. Со текот на времето невронската мрежа почна да ги одбира суптилните разлики меѓу двата пола што луѓето ги пропуштиле. Кога истражувачите го тестирале моделот кај околу 1.500 други скенирања на мозокот, моделот успеал да препознае дали станува збор за машки или женски мозок со 90 отсто успешност.
- Клучното прашање е дали овие разлики се специфични за полот, дали се производ на биолошки влијанија или родови искуства кои го менуваат мозокот или двете. Дали навистина гледаме на половите разлики? Или родовите разлики? - вели д-р Џина Рипон, професорка по когнитивни процеси во Центарот за мозок „Астон“ и авторка на книгата „Родово-базиран мозок“.
Таа смета дека општеството е виновно за разликите забележани во мозокот кај мажите и жените.
Експертите се надеваат дека пронаоѓањето на разликите помеѓу машкиот и женскиот мозок би можело да биде клучно во борбата против невролошките или психијатриските состојби кои различно ги погодуваат мажите и жените.
На пример, жените имаат двојно поголема веројатност да доживеат клиничка депресија од мажите, додека мажите се изложени на поголем ризик од зависност од дрога и алкохол и дислексија. Областите на мозокот откриени во истражувањето често се поврзуваат со невролошки заболувања.
- Клучната мотивација за ова истражување е дека полот игра клучна улога во развојот на човечкиот мозок, во стареењето и во манифестацијата на психијатриски и невролошки нарушувања. Идентификувањето конзистентни и репродуктивни полови разлики во здравиот мозок на возрасна личност е клучен чекор кон подлабоко разбирање на ранливостите специфични за полот кај психијатриските и невролошките нарушувања - вели д-р Менон.
Истражувачите веруваат дека моделите со вештачка интелигенција би можеле да одговорат и на други важни прашања во врска со мозочното поврзување, когнитивните способности или однесувањето.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik