X
 10.04.2015 Наука

Психопатите како лидери

Неодамна објавени документи открија дека плановите на британската влада, во случај на нуклеарен напад, преживеаните да ги стави под управа на психопат.

 

psihopat


Националната архива на Велика Британија го откри планот „Exercise Regenerate“ од 1982 година, кој имал за цел да зачува ред во случај на најлоша можна ситуација која би можела да го погоди тоа општество.

Џејн Хог, научникот кој работел на оваа операција, смета дека логиката, интелигенцијата и способноста да се сносат со кризните ситуации и паѓањето на моралот, психопатите ги прави идеални лидери во хаос, кој би настанал после нуклеарен напад.

„Во научните кругови општо прифатено е дека 1% од жителите се психопати. Тие не покажуваат никакви психолошки тегоби во општеството кои претрпеле високи загуби. Добро се соочуваат со кризи, не сочувствуваат со другите, немаат морален компас и обично се многу интелигентни“, пишува таа.

„Пред нападот, едниствено решение за овие луѓе е да бидат оддалечени од општеството; после нападот, во моментите кога е потребна моментална акција, владите би можеле да ги регрутираат бидејќи би биле навистина одлични соработници“, вели таа.

Сепак, белешките за овој план откриваат дека колегите на Хог не го делеле истото размислување.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука