X
 20.12.2018 Наука

Постојат многу повеќе живи организми под земјата отколку на нејзината површина

Постои многу повеќе живот под земјата отколку на нејзината површина, заклучува меѓународниот тим на истражувачи од опсерваторијата „Дип Карбон“. Всушност, околу 16,5 до 25 милијарди тони микроорганизми живеат под површината на земјата. Тоа е стотици пати повеќе од комбинираната тежина на сите луѓе на планетава.

Научниците ги добиле овие резултати набљудувајќи неколку локации низ светот, од истражувањата на дупки длабоки 5 километри, како и дупчење 2,5 километри во морското дно и добивање примероци од континентални рудници. Истражувачите проценуваат дека вкупната големина на подземниот екосистем е двојно поголема од вкупната количина на сите океани на планетата.

Кои се жителите на таканаречената длабока биосфера или длабока земја? Тони од едвај живи „зомби“ бактерии, микроби наречени „археи“ и други чудни форми на живот. Зборуваме за суштества што преферираат да живеат во сулфурни извори или едноклеточни организми што живеат на 121 Целзиусов степен во хидротермалните отвори на морското дно.

- Најверојатно овие организми биле над земјата, функционирајќи милијарди години, управувајќи голем дел од геохемиските системи на планетава, што довело до светот во кој живееме денес - објаснува Карен Лојд, еден од истражувачите и вонреден професор на Универзитетот во Тенеси, Ноксвил.

Ваквите мали форми на живот често живеат со многу малку, како што е енергијата од блиските карпи или гасови како водород и метан. Сепак, некои може да живеат илјадници години, освен ако не се преместени за време на големи промени, како земјотресите или ерупциите.

Истражувањето било предводено од Кара Магнабоско од Центарот за компјутерска биологија на Институтот „Фатрирон“ во Њујорк, a биле вклучени и други истражувачи од опсерваторијата „Дип Карбон“.

- Пронајдовме нов резервоар на живот на планетава. Постојано откриваме нови видови живот. Толку голем дел од животот се наоѓа во земјата, а не на нејзината површина.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука