Загадувањето со вештачка светлина, односно прекумерната употреба на вештачко осветлување, влијае врз однесувањето на птиците низ светот, продолжувајќи го нивното просечно пеење за дури 50 минути дневно, покажало обемно истражување објавено во угледното списание „Сајенс“.
Истражувањето го спровеле научници од Универзитетот на Јужен Илиноис и Државниот универзитет Оклахома во САД, анализирајќи податоци за однесувањето на повеќе од 500 вида птици во различни делови од светот и во различни сезони.
Вештачкото осветлување, кое денес опфаќа околу 23 отсто од површината на Земјата, го нарушува природниот ритам на смената ден и ноќ, влијаејќи врз цела низа биолошки процеси кај многу видови, наведуваат истражувачите.
Податоците биле собрани во рамките на проектот „Брдведр“, кој комбинира автоматско следење на биодиверзитетот, вештачка интелигенција и записи собрани од волонтери.
Истражувањето покажало дека птиците со поголеми очи и оние што прават гнезда на отворени места се особено чувствителни на светлосното загадување.
Научниците сè уште проучуваат дали оваа промена во однесувањето може да има негативни последици врз здравјето на птиците.
Извор:
Euronews.rs
Фото: Freepik