X
 22.04.2018 Живот

Ековилиџ: Заедница посветена на одржливо живеење


Да се живее во согласност со природата, да се намали количината на смет што го произведуваме, самите да одгледуваме храна... Сето тоа полесно е да се каже отколку да се направи. Но, постојат заедници на кои навистина им успева одржливото живеење, а на многумина им се вистинска инспирација.

O.U.R (Our United Resource) Ecovillage е една таква заедница која е лоцирана во близина на езерото Шоуниганво во Британска Колумбија, Канада. Заедницата е формирана уште во 1999 година, кога 14 момчиња и девојки купиле 10 хектари земја на која ја формирале својата колонија

Екоселото настана со визија да создаде модел на одржлива заедница втемелена на социјална, еколошка и економска благосостојба на поединците што живеат таму. Потоа ја основале колективната организација O.U.R. Community Association преку која организираат проекти кои самите ги осмислуваат и ги реализираат, а бенефит имаат сите членови на заедницата. Притоа соработуваат со соседите, локалните власти, компаниите, образовните установи, па и со посетителите од странство.

На својот имот спроведуваат и образовни активности, се занимаваат со органско производство на храна, а градат и еколошки самоодржливи куќи. Моментално имаат 9 такви куќи покрај „главната“, која ја користат за ноќевање.

Нивните цели се зачувување на природните карактеристики на земјата со зачувување и регенерација на шумите и водните површини, развој на агро-потенцијалот преку користење одржливи, традиционални и методи на органско производство, обезбедување различно сместување за различни животни стилови истовремено зачувувајќи го руралниот карактер на земјиштето и на заедницата и друго.




Фото: Facebook

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот