Доколку мислевте дека во „Игра со лигни“ има многу насилство, не сте виделе ништо. Хуанг Донг-хјук, режисер на популарната серија што се прикажуваше на „Нетфликс“, вели дека работи на нов филм кој ќе содржи многу повеќе насилство од „Игра со лигни“.
Режисерот веќе има напишано кратко сценарио од 25 страници за „Клуб на убивачи на стари луѓе“, кој е инспириран од делата на Умберто Еко. Донг-хјук открил дека филмот сигурно ќе биде контроверзен и толку насилен, што можеби ќе треба да се крие од постарите лица откако ќе биде објавен.
Во меѓувреме, тој ја пишува втората сезона од „Игра со лигни“, за која се надева дека ќе биде прикажана до крајот на 2024 година.
Извор:
Cnet
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)