X
 09.11.2022 Култура

Пристигна првиот трејлер за „Китот“, филмот кој доби стоечки овации во Венеција

Објавен е првиот трејлер за „Китот“ (The whale), нов филм во кој главната улога ја толкува Брендан Фрејзер. Фрејзер игра професор по англиски јазик со прекумерна тежина кој се обидува повторно да се поврзе со неговата ќерка.

Филмот доби стоечки овации на премиерата на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција во септември. Тој треба да пристигне во киносалите низ светот на 9 декември. Се очекува Фрејзер да биде номиниран за „Оскар“ за неговата улога во филмот.

Во драмата ги гледаме и Сејди Синк, Хонг Чау, Тај Симпкинс и Саманта Мортон. Тој е базиран на претстава од 2012 година од Самјуел Д. Хантер. Режисер е Дарен Аронофски, кој е познат по „Црниот лебед“ (Black swan).


Извор: Cnet
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура