X
 24.12.2019 Култура

Зошто Кинезите не го сакаат „Војна на ѕвездите“?

И додека фановите на „Војна на ѕвездите“ низ светот со денови чекаат ред за првите проекции на новото продолжение, последниот филм од серијалот долг 42 години, во Кина сликата е поинаква.

На овој голем пазар мал број луѓе го гледале филмот. Во петокот „Војна на ѕвездите: Издигнувањето на Скајвокер“ во Кина заработил 1,7 милион долари, а тоа е само дел од профитот на новиот кинески криминалистички филм кој заработил 218 милиони јуани во првиот ден од прикажувањето.

Чен Тао е редок фан на „Војна на ѕвездите“ во Кина. Но, тоа станало случајно - се заинтересирал за сагата по претходно инсталираната видеоигра на новиот компјутер.

Чен денес води фан-страница на „Војна на ѕвездите“ и има 30.000 следбеници. Го сака филмот поради богатите детали што фановите можат да ги поврзат со филмовите, книгите и игрите.

- Сето тоа е како голема сложувалка, за мене многу магична. Поттикнува желба да се истражува вселената - вели тој.

Но, такви како Чен се многу малку во Кина. Претходниот филм од серијалот, „Последниот џедај“ во 2018 година во Кина бил 47. филм по гледаност, далеку од марвеловиот „Одмаздници: Војна на бесконченоста“, филм што се најде на шесто место.

vojna
Фото: Press


„Дизни“ последниве години се труди да ги привлече кинеските гледачи да го гледаат „Војна на ѕвездите“, но досега неуспешно.

Рамнодушноста може да се објасни со фактот дека Кинезите се запознале со серијалот во 1999 година со „Фантомската закана“, претходник на оригиналната трилогија, филм што имал многу лоши критики и од фановите и од критичарите.

- Кога „Војна на ѕвездите“ беше прикажан во 1977 година, тоа беше филмска револуција. Оттогаш секоја нова епизода предизвикуваше носталгија - вели аналитичарката на пазарот, Штефи Ноел.

Кинеските гледачи ја немаат таа носталгична врска со серијалот.

Кога во 1977 година Џорџ Лукас го запознал светот со Лук Скајвокер, Хан Соло и други, Кина штотуку излегла од хаотичната културна револуција и имала мал контакт со популарната западна култура.

Трите оригинални филма биле прикажани на филмскиот фестивал во Шангај во 2015 година.

Кога франшизата конечно пристигнала во Кина, технологијата се чинела застарена. Вселенската опера не била нешто со кое кинеската публика би можела да се поврзе.

Чен вели дека кинеските фанови на научна фантастика преферираат „тешка“ научна фантастика што се темели на научни теории и бара логичка конзистентност на приказната, додека „Војна на ѕвездите“ е повеќе како „бајка од Римската Империја преместена во вселената.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура